Нашиот град е последна станица за сите осамени
прегратки.
Во него воздухот е сув зашто никој веќе не
плаче.
Сонот е само уште едно бладање по истрошените
навики.
Јазиците ни се напластени со лушпи од лаги и
ласкања.
Ладни се рацете што нудат допири,
збрчкани се погледите зашто го изгубиле
сјајот.
Се гушиме зашто вдишуваме духови -
ни го
стегаат грлото и ја губиме свеста.
Иднината одамна одминала а ние го чекаме
минатото да се врати.
...
Нашиот град може да ти раскаже каде
згрешивме.
No comments:
Post a Comment