Thursday, July 14, 2011

Утеха

Додека ги пишувам овие редови,
една ноќна пеперуга си ги подгоре крилјата
на запалената свеќа на масата...
Сакаше да ја дофати светлината,
не знаеше дека тоа си има своја цена...


Сега е предоцна,
се препелка на подот со треперливи движења,
а јас ја гледам
и се тешам дека не сум сама.