Friday, October 14, 2011

Празни сеќавања


Имам нешто како празни сеќавања,
не вредат ни колку отпушок од цигара,
не знам каде да ги сместам,
немаат ни форма, ни боја,
проѕирни се како воздишка,
бледи се како стакло,
суви како прашина...
Ги прашувам што сакаат од мене - молчат,
немаат фантазија ни да измислат лажен одговор,
толку се беспотребни што само моето постоење им дава смисла.


Sunday, October 9, 2011

Еден, една...

Една пролет, или есен... сеедно
Еден лифт, еден Чехов, една Љубов...
Едни луѓе, други луѓе, исти или различни, сеедно...
Многу муабети, малку зборови... или обратно...

Еден воз, или автобус... сеедно...
Еден, куфер, една торба, еден ранец,
Еден товар, многу тежина, едно бреме,
Едно невреме, или сонце.. сеедно...

Еден парк, една клупа, еден крај...

Еден мирис, еден кибрит, многу цигари,
Една вотка, или коњак или сеедно,
Едни луѓе, други луѓе, пак сеедно...

На ѕидот една маска од еден рингишпил -
моја или твоја - не е сеедно.