Monday, January 31, 2011

Нема кој



Не сме веќе мали,
не сме веќе оние голи насмевки...
Со крилја оковани, заковани
во песоци
скаменети од тишини...
со јазикот испружен, опкружен
од ветришта
во разнобојни сивила...
со виделото исчадено, зачадено
од ѕвезди
распрскани во прашини...
Нема веќе кој да нè лаже,
да нè убеди дека ќе биде подобро.





No comments:

Post a Comment