Како осамено сениште
згрчено во сопствената празнина
немам веќе глас ни да молчам
немам сила ни да се предадам.
Некоја нова игра се раѓа од овие гробишта,
мали блесоци од лажни допири,
од утеха, од надеж, од соништа.
Со крвави стапки низ дамки од подруми,
дишам горчлив дожд и суви капки магливи.
Со стопен здив во нем врисок
ловам бели сенки по бледи ѕидови.
Од крвта врела мрзнам, од сува пепел горам...
Голи лица и збрчкани насмевки -
сите си одат - никој не доаѓа -
од овој циркус сè што остана
е воздух полн со здивови.
No comments:
Post a Comment